Photo: Tom Podmore from Unsplash

Кои држави се најсигурни во случај на светска војна? Периoдов се соочуваме со опасност од трета светска војна, па повеќето од нас веќе имаат помислено каде би се преселиле на побезбедна локација, ако дојде до таков развој на настаните во светот.

Според Global Peace Index (Глобален индекс на мирот) рангирањето на најмирни држави за 2021 година, за најмирна и најбезбедна држава во светот е прогласен Исланд.

Исланд е најмирна земја во светот и според географската положба е далеку од светските сили кои се вклучени во глобалниот конфликт.

Photo: Unsplash

На второ место на листата на најбезбедни држаполовина ви од војна е Нов Зеланд. Нов Зеланд може самостојно да опстојува во случај да биде отсечен од останатиот дел од светот, бидејќи има плодна почва и повеќе од од електичната енергија се добива од хидроелектрани.

Трета најсигурна држава од војни е Данска. Данска иако е членка на НАТО и така може да биде вовлечена во војна, сепак го има Гренланд, кој е прилично оддалечен регион од воен ризик.

На четврто место на оваа листа е Португалија – оваа држава е стабилна и се држи настрана од воени конфликти уште од Втората светска војна.

Петта на листата е Словенија. Оваа земја успешно се држи настрана од глобалните конфликти, успеала да не се вовлече во Првата и Втората светска војна, а исто така нема потреба да се потпре на друга земја за обезбедување на ел. енергија.

Понатаму листата продолжува со:

6. Австрија

7. Швајцарија

8. Ирска

9. Чешка

10 . Канада

Македонија на оваа листа е на 40-то место од вкупно 163 рангирани држави. Пред Македонија на листата е Коста Рика, а веднаш по Македонија е Боцвана. Целата листа може да ја погледнете ТУКА.