Photo: Jim Arnot/Unsplash

Пред да одлучите да го спакувате куферот за да се преселите во друга држава, треба да си ги поставите овие 6 клучни прашања, кои ќе ви помогнат во донесување на конечната одлука за преселба:

1. Зошто сакам да се преселам во странство?  – Ова е најважното прашање кое треба да си го поставите на себеси и претставува мисла водилка за иселувањето.

2. Каде може да работам со мојата струка? – Ќе треба да истражите каде може без проблем да најдете работа и каде може да просперирате со вашето образование и искуство. Или пак можеби ќе сакате да се испробате во нова сфера.

3. Дали ми е важна оддалеченоста од матичната држава? – Ако ова не ви е важно, тогаш целиот свет е ваш. Секако, за подалечни дестинации може да проверите како се движат цените на авионски карти, за да може да планирате посета на роднините и пријателите во текот на годината.

Photo: Charisse Kenion/ Unsplash

4. Каква клима преферирам? – Климата навистина е проблем за поголем дел од луѓето, па на пример ако сакате сончеви денови и тополо време, тогаш преселба во Англија или во некоја од скандинавските земји ќе ви падне потешко отколку преселба во некоја медитеранска земја.

5. Дали јазикот е важен фактор? – Ако учењето на одреден јазик е еден од основните фактори за преселба во одредена држава, тогаш тоа ќе ви помогне да го стесните вашиот избор.

6. Дали може да добијам работна виза? – Ова е една од најдосадните и најфрустрирачките работи при планирање на преселба, но никако не смее да се изуми. Ако најдете работа во новата држава пред да се иселите, тогаш возможно е компанијата која ќе ве вработи да се погрижи за визата.

Во светот во тек е пандемија, па не е препорачливо овој период да се селите од една во друга држава, но затоа е добар период ако веќе планирате преселба – да направите план и да ги разгледате сите опции.