Најголемата фонтана во светот се наоѓа помеѓу највисоката зграда во светот “Бурџ Калифа” и најголемиот трговски центар во светот “Дубаи Мол” во Дубаи.

Оваа фонтана во центарот на Дубаи зафаќа површина од 120.000 метри квадратни, долга е 275 метри, исфрла 83.000 литри вода во секунда, а млазот може да достигне висина до 73 метри.

Фонтаната има танцувачко шоу неколку пати во денот, откако ќе започне да се стемнува и навистина е спектакл да се погледне ова нејзино шоу на арапска или светска музика.

Осветлена е со 6.600 светилки, а погледот на ова музичко шоу  од највисоките катови на Бурџ Калифа е бесценето доживување.

Уживајте неколку минути во шоуто на најголемата разиграна фонтана во светот:

 

Автор на текст и видео: А. Петровска

©patokolusvetot.mk  Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон