Света Гора- еден од најзначајните православни центри во светот, се наоѓа на околу 140 км оддалеченост од Солун или околу 360 км од Скопје, како дел од третиот крак Атос, на грчкиот полуостров Халкидики, но како посебна автономна област со свои правила и заштитена од УНЕСКО. Единствена дестинација по многу нешта, во близина на едни од најубавите плажи во Грција, во чие предградие е малото место Уранополис, привлекува туристи од целиот свет.

Заради својата специфичност, доколку имате намера да ја посетите, ќе мора да обрнете внимание на следниве факти:

  • Влез без специјална дозвола од бирото за верници при МНР на Северна Грција не е можен и истата се вади неколку дена однапред во канцелариите во Солун или преку локални агенции во Уранополис.
  • Жени немаат право на влез во Света Гора.
  • Само на една жена во историјата и било дозволено да стапне на тлото на монашката заедница на Света Гора. Тоа била Јелена , средновековна српска царица. Таа била  сопруга на Душан Семоќниот, најмоќниот српски владетел во историјата.
  • Само на монасите им е дозволено да живеат во Света Гора и моментално на неа живеат околу 2000 монаси.
  •  Во една тура, во група можат да влезат само 100 посетители- православни верници и само 10 од други религии.
  • Света Гора е монашка република. Се состои од 20 манастири на православното христијанство. Манастирот Мегисти Лавра, основан во 10 век , е најстариот меѓу нив.
  • 17 манастири се под суверенитет на Грците, додека руското, српското и бугарското братство имаат свој манастир.
  • Кога Турците го завзеле Балканскиот Полуостров во текот на XIII и XIV век, тие ги оставиле манастирите на Атос , во замена за големи даноци кои им биле редовно исплаќани.
  • Владее мислење дека и бројот на домашни женски животни е строго контролиран, се чуваат само мачки, кои ја контролираат популацијата на глодари.
  • Светогорските манастири имаат значително влијание во создавање и споделување на православната уметност. Делата на уметноста создадени од монасите од Атос ги украсуваат манастирите и црквите низ православниот свет.
  • Во лето, едриличарските тури околу Света Гора се одржуваат редовно. Некои манастири што можете да ги видите и додека крстарите се Хиландар, Докјариу, Ксенофонтос, Симонопетра, Дионизиу и рускиот Пантелејмон.
  • Фотографирањето на манастирите е дозволено само од надвор, фотографирање на монаси и ентериерот на манастирот е забрането, освен ако немате посебна дозвола.
  • Држењето на рацете позади, носењето бели патики и други обувки се смета за непристојно , како и поставување на прашања за кои монасите мислат дека се провкативни.
  • Храната е исклучиво вегетаријанска: леб, сирење, маслинки, зеленчук, овошје, понекогаш и риба. Од пијалоци – во  понеделник, среда и петок се пие само вода, а останатите денови може и квалитетни вина кои ги произведуваат монасите.
  • Просечен турист секој ден може да посетува по еден манастир бесплатно, а максималното време што може да се помине на Света Гора е 3 до 4 дена. Студентите по теологија можат да останат подолго.