Photo: Facebook/Liman Osman

Денеска, во чест на 8-ми Септември,  Денот на независноста на Македонија, во главниот град на Турција – Анкара, кулата Атакуле е осветлена во боите на македонското знаме.

Кулата Атакуле е симбол на градот Анкара, висока 125 метри и честопати, за различни поводи, е осветлена во боите на различни држави, како израз на пријателство, почит и поддршка од страна на Турција.

Оваа убава вест на Фејсбук ја сподели Лиман Османи: https://www.facebook.com/groups/638365006305772/permalink/1853961808079413/