За патниците кои без приложување на негативен тест за Covid-19, ќе влезат во Грција од 1 до 15 јуни, ќе биде задолжителен 7-дневен карантин.
Грција вчера ги отвори своите граници и оваа наредба ја добиле сите гранични премини во државата.
Туристичката сезона во Грција официјално ќе започне на 15 јуни, а од вчера се отворени сезонските хотели.
Засега македонските граѓани може да влезат во Грција, но не се знае дали грчките власти ќе превземат дополнителни мерки, дали ќе ни го забранат влезот, по наглото покачување на бројот на позитиви лица од Covid-19 во државава.
За македонските граѓани сеуште остануваат затворени границите на Црна Гора и Хрватска.