Photo: Google maps

Тргни денес за да стигнеш вчера. Не е временска машина во прашање, но ова навистина е возможно.

Ако летате со авион од Јапонија кон Хаваи – ако го напуштите Токио во 7 часот наутро, ќе пристигнете во Хонолулу приближно во 19:45 часот претходниот ден.

Поради огромниот јаз во временските зони, Хонолулу е 19 часа зад Токио. Ако се одземе времето на летот од 7 часа и 45 минути помеѓу овие два града, се добива разлика во патувањето од 11 часа и 15 мин. Затоа, ќе слетате на Хаваи повеќе од 11 часа пред да ја напуштите Јапонија.