Шкотланѓанецот Dean Nicholson пред две години тргнал на пат околу светот со неговиот велосипед како превозно средство, но при патувањето на велосипедот му се придружил уште еден патник – мало маче.
Малото маче му го попречило патот додека се возел на велосипедот низ Босна и срцето не му дало да го остави мачето само на сред пат, па го зел со себе. Откако го земал мачето, веќе не се одделил од него.
Мачката ја крстил Нола и таа е сопатник на сите негови патувања, кои неколку месеци биле во прекин заради пандемијата од Корона вирусот, но од неодамна пак се на пат, моментално во Виена во Австрија.
Времето поминато дома Dean го искористил за да напише книга посветена на патувањата со мачката – “Nala’s World”, во која се опфатени различни авантури кои тие двајца ги доживеале во земјите кои досега ги имаат заедно посетено, како на пример: во Турција за малку ќе ги нападнела мечка, во Словачка ги нападнал бездомник, а во Грција налетале на камп со мигранти и се спријателиле со неколку деца од Сирија.
Авантурите на Dean и мачката која му го променила животот може да ги следите на Инстаграм, а книгата може да ја порачате online.