Photo: Alexis Alford Youtube screenshot

Млада Американка на само 21 година успеала да ги посети сите држави во светот. Alexis Alford од Калифорнија, од најмала возраст започнала да патува, бидејќи нејзината мајка поседува туристичка агенција, а со идејата да ги помине сите земји во светот и да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмлада личност која ги посетила сите држави во свет, се здобила откако завршила средно училиште.

На возраст од 18 години веќе имала посетено 70 држави, а во јуни 2019 година, на 21 годишна возраст, и официјално ги посетила сите 196 држави, кога стапнала и во последната непосетена држава – Северна Кореја.

За да ја оствари целта, да влезе во Гинисовата книга на рекорди, морала при влегување во секоја нова држава да го замоли граничниот службеник да и’ стави убаво видлив и јасен печат во пасошот.

Photo: Convertkit/Unsplash

По поминати 100 држави, веќе престанала да ги повикува со неа да патуваат нејзините родители, роднини и пријатели и започнала да патува сама низ светот, при што запознала нови луѓе со иста страст за патувања, со кои посетила повеќе држави.

Патувајќи сама во повеќе од 15 држави научила како да биде сама, а да не се чувствува осамено. Исто така, ова ја научило повеќе и вистински да го цени времето поминато со најблиските, кое често го земаме здраво за готово.

При посета на сите земји во светот само еднаш се нашла во физичка опасност и тоа во Јемен, кога под прозорот на нејзиното сместување среде ноќ се одвивала вооружена прсметка, која на крај испаднало дека е прослава на свадба. Се справувала со бирократијата на секоја држава за која и’ била потребна виза за влез, неколку пати завршила во болница – во Јужна Африка фатила маларија, а во Пакистан добила труење од улична храна.

Најгостопримлива држава која ја посетила е Пакистан, а пак едни од најомилените држави и’ се Индонезија, Исланд и Венецуела.

Alexis Alford сега има 21 година и ова свое искуство, како инспирација за сите патувачи, го споделува online, преку видеа на својот Youtube канал, Инстаграм профил и нејзината веб страна.

Погледнете го нејзиниот инспиративен говор на Tedx Talks:

Исто така и видеото од нејзинот Youtube канал – Совети како да патувате соло:

Секоја чест Alexis Alford – толку млада, а толку инспиративна жена.