Ако сакате да престојувате во најскапата хотелска соба на светот – ќе треба да платите 150.000 долари. Едно ноќевање во оваа хотелска соба чини 75.000 долари, но може да се разервира за најмалку две ноќевања.
Најскапата хотелска соба е всушност пентхаус The Empathy Suite сместен на 34-от и 35-от кат на казиното The Palms во Лас Вегас, САД и зафаќа површина од 836 метри квадратни.
Скапи уметнички дела, луксузна опрема и импресивни погледи кон Лас Вегас го прават The Empathy Suite – најскапиот апартман на светот.
Овој пентхаус содржи 16 скапоцени уметнички дела од суперѕвездата на модерната уметност, најскапиот модерен уметник – контраверзниот Демијан Хирст, во вредност од 39 милиони евра, и тоа: ајкули во формалдехид, полици со медикаменти, шанк со медицинска опрема и ѕид со безброј Swarovski кристали и еден дијамант (ако престојувате во овој пентхаус имате можност да изберете еден кристал и ако го погодите дијамантот – може да си го земете, а досега никој го нема погодено). Карктеристично за уметноста на Хирст е тоа што го разработува контрастот на животот и смртта, па може да се забележи дека тематиката на уредувањето на овој простор е “Here for a good time, not a long time” (“Тука сме за добар провод, но не за долг провод”).
Најскапата хотелска соба на светот има: влезна партија, дневна соба со огромен кауч која може да собере околу 50 луѓе, кујна со голема трпезарија, бар со 13 седишта, соба за забава со маса за билјард, сауна, спа, фитнес сала, соба за масажа, кино, две спални соби со бањи и соби – гардеробери, огромна тераса со приватен базен и џакузи. Исто така, на располагање има 24-часовна батлер услуга и возач, како и ВИП пристап до сите додатни содржини на казиното.
Погледнете како изгледа оваа најскапа хотелска соба:
Овој уникатен пентхаус е одличен за организирање на забави и друг вид на настани, како и за уживање во фамилијарни собири.