Ако патувате во Кенија и Танзанија, не треба да заборавите да ги посетите Масаите. Останатите домородни племиња не ги сакаат Масаите, бидејќи ги сметаат за нецивилизирани, но за туристите тие се атракција.
Ова се неколку интересни факти за Масаите:
1. Има над 1.000 000 Масаи.
Масаите се многубројно племе, па така моменталните бројки велат дека во Кенија има 841.622, а во Танзанија 430.000, со што нивниот број активно се зголемува, имајќи во превид дека во 1989 година нивниот број бил само 377.089. Иако живеат едноставен живот, тие сепак напредуваат и покрај брзиот развој на цивилизираниот свет. Се смета дека кога Масаите биле во многу помал број, се отселиле од долината на Нил, надоле на Север.
2. Нивниот јазик се вика “Маа”.
Масаите зборуваат на јазикот наречен “Маа”, но генерално не пишуваат на него. Кога имате толку силна орална традиција на искажување, речиси и да нема потреба да запишете нешто. Всушност, усната традиција на народот Маасаи носи толкава тежина што решиле и така да се именуваат. Во едноставни термини, името „Масаи“ значи „луѓе кои зборуваат Маа“. Јазикот на Масаите е толку силен и духовен, што многу други племиња го напуштиле својот мајчин јазик и започнале да го користат јазикот Маа. Друг интересен факт е дека јазикот Маа е поврзан со јазикот Латуко кој се зборува во Јужен Судан, па ова ја прави возможна теоријата дека Масаите потекнуваат од таа област. Мал број од Масаите се школувани и најчесто школуваните не остануваат во Масаи заедницата, туку си ја бараат среќата на друго, поцивилизирано место.
3. Кравите се нивниот живот.
Кравите доаѓаат пред сè друго за Масаите. Тие се најважен аспект во нивните животи. Мажите Масаи се гордеат со стадата, бидејќи нивните крави им се најценетиот имот. Масаите го користат својот добиток за размена. Добро стадо добиток е знак на големо богатство, на ист начин како што скап спортски автомобил е знак за богатство во останатиот дел од свет.
4. Масаите се номади.
Масаите технички се полу-номади. Тие се селат себе си и својот добиток според начинот на комуналниот систем за управување на земјиштето, заснован на сезонска ротација. Номадскиот начин на живот се враќа во корените на целата човечка историја што го прави племето Масаи екстра посебен. Тие и неколку други народи ширум светот се последната жива врска со нашето далечно минато. Живеат во мали колиби, толку ниски што во нив не можеш да стоиш исправен. Најчесто се сточари и главно јадење им е месо од заклани животни.
5. Ловат лавови.
Масаите многу сериозно го сфаќаат ловењето на лавови. Тие никогаш не ги ловат за забава и често оваа опасна навика може да заврши со повреди или смрт на ловецот. Одењето на лов се смета за прикажување на голема храброст и сила, а при тоа ловат само машки лавови. Но, во последниве години, поради болест се намалил бројот на лавовите, па Масаите вовеле ново правило – на лoв да се оди само во поголема група, за да може да се опорави популацијата на лавовите. Ова е нивна долга традиција, која негува бестрашност кај воините на племето и изгледа многу поразлично од аспект на Западниот свет, но е од големо значење за Масаите.
Овие луѓе живееле на овој начин со векови и гледајќи ги на лице место, прават да чувствувате дека остатокот од светот е илијадници километри далеку.