Дали е возможно патување низ времето? Нема да ви се верува но – можно е! И тоа само од едно место на планетава!
Кога ќе застанете на географскиот Јужен Пол, сите линии по географска должина се спојуваат во таа точка и вие буквално стоите во сите 24 временски зони. Па така, од таа точка може да стапнете од денес во вчера, а потоа да се вратите назад во иднината и да отидете во утре. Ова е единствено место на Земјата каде може да патувате низ времето.
Интересно е што овој географски Јужен Пол се движи , бидејќи се наоѓа на мраз и секоја година на 1-ви Јануари тимот на истражувачи од станицата “Амундсен-Скот” поставува нов знак на новото место кое е моменталната локација на Јужниот Пол.