Париз – Градот на светлината, со прва асоцијација за него – Ајфеловата кула, a за многумина и град на врвот на листата на најромантични места во светот. Париз е дом и на многубројни улични уметници, на ненадминливиот Мулен Руж, на врвното архитектонско дело- црквата Нотер Дам. Можете да поминете и неколку недели во детална посета на најинтересните музеи во градот.

Ви предлагаме повеќе активности со кои на најдобар начин ќе го доживеете Париз:

  • Качете се на Ајфеловата кула и уживајте во погледот на градот.
  • Наздравете со чаша пенливо вино на врвот на Ајфеловата кула.
  • Направете пикник со поглед на Ајфеловата кула на тревата на Cham de Mars.
  • Посетете ја црквата Нотр Дам. (Notre Dame)
  • Отидете во ресторан во Латинскиот кварт, дом на Сорбона универзитетот.
  • Одвојте доволно време за посета на Лувр (Louvre), за поранешната метро станица претворена во Музеј D’Orsay и за Центарот Помпиду. (Centre Pompidou)
  • Посетете ја палатата Версај (Versailles) и нејзините градини.
  • Влезете во кралската капела. (Sainte Chapelle)
  • Посетете ја Триумфалната капија. (Arc de Triomphe)
  • Искачете ги сите скалила до базиликата Свето Срце. (Sacre Coeur)
  • Уживајте во ноќно крстарење по реката Сена.
  • Погледнете претстава во Мулен Руж. (Moulin Rouge)
  • Посетете ги Катакомбите.
  • Влезете во Пантеон. (Pantheon)
  • Одвојте време за шопинг во делот на градот Св. Герман. (St. Germain)
  • Разгледајте ги уметничките дела на Монмартр. (Monmartre)
  • Прошетајте по плоштадот Бастилја. (Place de la Bastille)
  • Направете “brunch” во Недела, исто како вистински Парижани.
  • Прошетајте ја 1,9 км долж Елисејската авенија. (Champs Elysees)
  • Посетете оперска претстава во Операта Гарние. (Palais Garnier)
  • Не пропуштајте еден ден да одвоите за забавниот парк Дизниленд. (Disneyland Paris)

Уживајте!