Секој ресторан се труди да одржи хигиена на високо ниво, особено сега во време на пандемија, но има неколку предмети на кои најчесто никој не обрнува внимание дека треба редовно и многу често да се дезинфицираат.

The Daily Meal направи список на најнечисти предмети во рестораните кои сите ги допираме:

  1. Тоалетна школка – Студијата откри дека на површината на тоалетното седиште има 295 бактерии и 3,2 милиони бактерии во нејзината внатрешност.

2. Лед – 70 % од мразот во машините за мраз содржи повеќе бактерии отколку водата во тоалетната школка.

3. Подот во тоалет – Дури 2 милиони бактерии може да се најдат на 1 метар квадратен на подот во тоалетите во ресторан.

4. Мени – Ова се предмети кои скоро па никогаш не се чистат во рестораните, а се собиралиште на бактерии. Откриено е дека едно мени во просек содржи околу 185.000 бактерии.

5. Кваки на врати – Кваките на вратите од тоалетите во рестораните најчесто се чистат кога се чисти и целиот тоалет (најчесто – еднаш или два пати дневно), а кваките од влезните врати на рестораните – скоро па никогаш.

6. Соларник, сад за бибер и шеќер – Ова се предмети кои за цело време стојат на масите од рестораните, па се собиралиште на микороорганизми во текот на целиот ден. На еден од овие садови може да има и до 11.600 бактерии. Најчесто се лепливи, затнати или мрсни и служат како играчка за занимавање на децата седнати на маса, кои знаат и да ги разнесат насекаде. Избегнувајте го нивното користење.

При посета на ресторан обавезно носете си средства за дезинфекција на рацете и предметите кои ќе ги допирате, особено сега при актуелна пандемија од Covid-19.