Photos from Unsplash.com

Туризмот дефинитивно се опорави од Корона пандемијата, која предизвика големи загуби во оваа индустрија и во 2023 ги надмина бројките од 2019 година. Во 2023 најголем број на туристи се упатиле кон една европска медитеранска држава.

Според шпанскиот весник El Pais, Шпанија ги има срушено сите туристички рекорди во 2023 година. Од јануари до декември минатата година, Шпанија ја посетиле 79,85 милиони странски туристи, што е за 0,8% повеќе од 2019 година која била рекордна година. Со оваа бројка е достигнат и рекорден приход од туризмот во Шпанија – туристите потрошиле 101 милијарди евра, што е за 17% повеќе од 2029 година.

Photos from Unsplash.com

За постигнување на овие бројки, забележано е дека Шпанија е дестинација за посетување во текот на целата година, па туристите се’ почесто ја посетуваат и вон летната сезона, уживајќи во културните и историски содржини, вкусната шпанска кујна и пријатната медитеранска клима која се карактеризира со топли лета и благи зими.

Наш предлог е оваа година да отпатувате во Барселона, а што да посетите во еден од најубавите градови во светот прочитајте овде:

Барселона – секогаш е добра идеја