Со почеток на летната сезона, започнуваат со летање и неколку нови и обновени авионски линии од скопскиот и охридскиот аеродром.
Авиокомпанијата “Lufthansa“ од 23 април ќе започне со летови на релација Франкфурт – Скопје – Франкфурт, со десет летови неделно.
Авиокомпанијата “Croatia Airlines“ ќе започне со летови до нова дестинација од Скопје, до туристичкиот центар во Далмација – Сплит. Летовите ќе се одвиваат од 12 мај до 14 октомври 2023 година, два пати неделно.
Авиокомпанијата “Air Serbia” ќе ја обнови линијата Белград – Охрид, од јуни 2023 година, четири пати неделно.
Оваа летна сезона, како и претходните, ќе има сезонски летови од аеродромот во Скопје до летните дестинации во Турција: Анталија, Бодрум и Измир, во Египет – Хургада и во Тунис – Монастир/Енфида, започнувајќи од крајот на месец мај до октомври.