Photo: Philip Jahn from Unsplash.com

Од почетокот на оваа година, во Грција започнува да се наплаќа нова такса за отпорност на климатски кризи, која беше утврдена во 2024 година. Приходите од оваа такса ќе одат во фонд за итни случаи за природни катастрофи.

Оваа такса ќе се наплаќа за сите видови на туристичко сместување како: хотели, соби и студија за изнајмување, вили и туристички капацитети на Airbnb.

Износот на туристичката такса се разликува според периодот од годината:

Цена на туристичката такса – од март до октомври:

За хотели со 1* и 2* =  1,5 евра по соба/ноќевање
За хотели со 3* = 3,0 евра по соба/ноќевање
За хотели со 4* = 7,0 евра по соба/ноќевање
За хотели со 5* = 10,0 евра по соба/ноќевање
За станови и студија = 1,5 евра по соба/ноќевање
За вили и приватно сместување = 10,0 евра по соба/ноќевање

Цена на туристичката такса – од ноември до февруари:

За хотели со 1*и 2* = 0,5 евра по соба/ноќевање
За хотели со 3* = 1,5 евра по соба/ноќевање
За хотели со 4* = 3,0 евра по соба/ноќевање
За хотели со 5* = 4,0 евра по соба/ноќевање
За станови и студија = 0,5 евра по соба/ноќевање
За вили и приватно сместување = 4,0 евра по соба/ноќевање

Таксата ќе се наплаќа од гостите на лице место во сместувачкиот капацитет.