Дали во блиска иднина ќе може да се патува од Кина до САД по многу брза железничка пруга, во должина од 13.000 километри?
Иницијаторот за ова поврзување Кина има проект за оваа железница, кој првично се појавил во 2014 година и кинеските инженери разговарале со нивните руски колеги за изградба на овој огромен зафат.
Изградбата на оваа железница би чинела околу 200 милијарди долари, а започнувајќи од Кина – би поминувала од Сибир, низ Беринговиот мореуз, преку Алјаска, низ Канада – Јукон и Британска Колумбија, се до копнениот дел на САД.
Но, овој проект се уште не е поврдено дали ќе започне да се гради, бидејќи освен тоа што е многу комплициран за изградба, воздушниот превоз и товарните бродови се поефтина опција за транспорт.