Американците Одри и Хари патуваат ни светот и на својата страница на Фејсбук – “The Budget Savvy Travelers” споделуваат случки од патувањата, a досега посетиле 69 држави.
Пред неколку дена објавија интересна фотографија од кафуле во Босна, каде порачале кафе: “Нарачав кафе во Босна и еве што добив”. На фотографијата може да се види дека има турско кафе, шеќер, локум, чаша вода и една цигара со кибрит. Фејсбук објавата погледнете ја ТУКА.
Потоа споделија фотографија од Македонија, каде порачале хамбургер: “Отидов во Македонија и порачав хамбургер со помфрит, а добив ова”. На фотографијата се гледа огромна количина на месо, помфрит, тавче гравче и салата. Фејсбук објавата погледнете ја ТУКА.
Овие две фотографии предизвикаа големо внимание и насобраа огромен број на коментари од Босна и Македонија, но и од секаде низ светот. Па така, може да се прочита дека “освен храна, добиле и гостопримство, љубезност и топлина во душата”, како и дека “тоа е најдоброто искуство во светот” и дека “во нашата земја добивате комплетно уживање”.
И, навистина може да се заклучи дека нашата земја и останатите екс-Ју држави се ненадминливи во гостопримството и вкусната храна.