Оваа 2023 година треба да биде година посветена на нови патувања – е размислување на 46% од луѓето насекаде во светот, па Booking.com направи листа на најгостопримливи дестинации за посета, а првото место на оваа листа го завзема италијанското гратче Полињано а Маре (Polignano a Mare).
“Сместен на јужниот јадрански брег на Италија, во регионот на Пуља, Полињано а Маре е живописен град сместен на варовничка карпа над кристално чистите води на Јадранот, познат по своите прекрасни плажи и бели куќи. Оваа јужна италијанска дестинација е совршена за скокање од карпи во вода, а во последниве години дури бил и домаќин на издание на познатиот светски настан за скокови, каде скокачите од карпи изведуваат неверојатни акробации од повеќе од 20 метри височина”, вака Booking.com го доловува ова гостопримливо гратче.
Позната локација во Polignano a Mare е “Grotta Palazzese” – ресторан сместен во морска пештера. Но, најпознатиот “извозeн производ” од ова место е италијанската легенда Доменико Модуњо, кој напишал и отпеал многу класични песни, од кои најпозната е песна „Воларе”.
Листата продолжува со:
2. Hualien City, Taiwan
3. San Sebastian, Spain
4. Dresden, Germany
5. Klaipeda, Lithuania
6. York, United Kingdom
7. Ushuaia, Argentina
8. Porto De Galinhas, Brazil
9. Mexico City, Mexico
10. Gold Coast, Australia