Photo: Artur Voznenko from Unsplash.com

Малдиви – дестинацијата од соништата може да ја посетите со лет на нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air, со директен лет од Абу Даби. До Абу Даби со Wizz Air засега не може да стигнете со лет од Скопје, туку може да летате од Белград или Софија.

Цената на повратна авионска карта во март 2023 година, за да летате од Београд до Мале, Малдиви се движи околу 535 евра – со вклучен рачен багаж и чекиран куфер од 20 кг. Цената за авионска карта без вклучен багаж изнесува 353 евра.

Дополнително, треба да се земе во предвид времетраењето на чекање на летот на аеродромот во Абу Даби, бидејќи за повеќечасовно чекање потребна е транзит виза за ОАЕ.