Ако се’ уште размислувате која плажа да ја посетите оваа година, погледнете ја листата на 50 најдобри плажи во светот, која ја изработи светската туристичка платформа Big 7 Travel.
При составување на листата земени се во предвид повеќе фактори како: поседување на “Сино знаме”, популраност на плажите на социјалните мрежи и впечатоци на тимот на уредници на листата.
Топ листа на најдобри плажи во светот за 2023 година:
1. WHITE BEACH, NEAR PORT BARTON на Филипини – Опишана како “недопрен, скапоцен камен со лежалки, песок и кристално чиста вода”.
2. CABO SAN JUAN BEACH во Колумбија
3. JALOUSIE BEACH на Света Луција
4. KENDWA BEACH на Занзибар
5. WHITEHAVEN BEACH, WHITSUNDAY ISLANDS во Австралија
6. SOURCE D’ARGENT на Сејшели
7. NAVAGIO BEACH на Закинтос во Грција (оваа годна плажата е затворена за посета на туристи)
8. GRACE BAY, во Tуркс и Каикос
9. LANG CO BEACH во Виетнам
10. HYAMS BEACH, NEW SOUTH WALES во Австралија
На листата се наоѓаат и плажи во држави кои често ги посетуваат Македонците, како плажата во Турција – BUTTERFLY VALLEY, FETHIYE DISTRICT (на 17-то место), плажата во Албанија – GJIPE BEACH (на 22-ро место) и плажата во Египет – NAAMA BAY, SHARM EL-SHEIKH (на 35-то место).
Целата листа може да ја погледнете ТУКА.