Кој знае каде е Шри Ланка ?

Прашањето “Каде е Шри Ланка?” победи во годинешното пребарување на Google во категоријата: Where is… (Каде е…), со што го надмина прашањето: “Каде е Супербоулот оваа година?”  (Where is the super bowl this year?) и “Од каде е 21 Севиџ?” (Where is 21 Savage from?).

Шри Ланка од страна на “Lonely Planet” беше категоризирана како најдобра дестинација за посета во 2019 година, пред да се случат ужасните терористички напади за време на Велигденските миси во Шри Ланка, во кои загинаа 250 луѓе. За жал, терористичките напади се најголемата причина зашто луѓето од цел свет оваа година, имаат пребарувано за Шри Ланка.

Инаку, Шри Ланка е прекрасен остров во Индискиот океан, на само 34 км оддалеченост од најблиската, југоисточна точка на Индија, во Јужна Азија. Зафаќа површина од 65.610 км2 и има околу 20.200 000 жители. Главниот град на Шри Ланка се вика Колумбо.