Photo: Elissar Haidar/Unsplash

Пред помалку од еден век оваа земја била многу сиромашна, а сега е лидер на списокот на најбогати земји во светот, со БДП од 116.799 долари по жител, со вкупна популација од 2,6 милиони жители. Околу 14% од жителите се милионери.

Катар започнал да ги искористува енергетските извори во 40-тите години на минатиот век, а претходно таму се живеело од риболов и од вадење на бисери. Катар располага со третина од светските резерви на природен гас, а залихите на нафта му изнесуваат 15 милијари барели.

Photo: Lucca Belliboni/Unsplash

На шега се вели дека Катарец кој има само една куќа, еден автомобил и една жена е сиромашен човек.

Денес во Катар се живее удобен живот, каде не постои данок (данок не плаќаат ниту странците кои живеат таму), образованието е бесплатно, исто како и: здравственото осигурување, струјата и водата, а невработеност скоро и да не постои (во 2015 година невработеноста изнесувала 0,1 %).

Државјаните на Катар дозвола за изградба на куќа добиваат за еден ден, а државата им рефундира половина од трошоците за изградбата. Само државјани на Катар може да поседуваат недвижен имот, бидејќи е забрането продавање на земја на странци. За странците е изграден вештачки остров Pearl, во близина на Доха, каде странци можат да купат станови, кои достигнуваат цена и до пола милион долари.

Photo: Florian Wehde/Unsplash

Од  2.600 000 жители, само околу 300.000 се Катарци, па староседелците кажуваат дека младите генерации се фрустрираат бидејќи странци им ги земаат најдобрите работни позиции.

40% од Катарските бракови завршуваат со развод, две третини од жителите патат од гојазност, се зголемува културниот и генерацискиот јаз, а бидејќи се живее брз живот, луѓето поголем дел од времето го поминуваат надвор од своите домови, па децата најчесто ги чуваат негувателки од Филипини, Непал, Индонезија.

Photo: Asim Kodappana/Unsplash

Во Катар владее вечно лето, со температури кои често достигнуваат до 47 Целзиусови степени.

Катар има само еден копнен сосед – Саудиска Арабија, со која има потпишано одбранбена спогодба. Американската и Британската војска имаат своја воздушна база во Катар, но според “Њујорк Тајмс”, Катар има најлоши резултати во борбата против тероризмот. Државата ја води емирот Тамим бин Хамад ал Тани, кој е најмлад арапски лидер, тој одлучува за сите прашања во Катар, а забранета е било каква критика кон него.

Photo: Tarek Suman/Unsplash

За главниот град на Катар – Доха се вели дека е најбезбеден град во светот. На катарскиот Унивезитет секоја година дипломираат околу 150 момчиња и околу 800 девојки.

Aлкохолот е дозволен само во одредени зони, има климатизиран фудбалски стадион, воедно е и прва арапска земја која доби организација на Светско фудбалско првенство.

Photo: Rowen Smith/Unsplash

Во Катар може да пристигнете со една од најдобрите авионски компании во светот “Qatar Airways”, која лета од Скопскиот Интернационален аеродром и со која ќе слетате на еден од најубавите и најголемите аеродроми во светот – “Hamad International Airport”.