Photo: Lachlan Gowen/Unsplash

Деновиве најголемиот град во Индија е обоен во розева боја. Илјадници фламинга го окупираа Мумбаи, додека жителите на овој град беа во карантин и во оваа несекојдневна глетка можеа да уживаат од своите домови.

Отсуството на движење на граѓаните им овозможи на рекорден број фламинга да се вселат во Мумбаи во сезоната на размножување. Околу 150.000 розеви птици може да се забележат како прелетуваат над зградите и во мочуриштата во градот. Се проценува дека бројот на фламингата оваа година е за 25% поголем од минатата година.

Фламингата вообичаено мигрираат во Мумбаи секоја година од Октомври до Март, кога им е период за размножување, но моменталната ситуација во Индија, каде 1,3 милијарди жители се во карантин, им е добредојдена на овие прекрасни птици, кои уживајќи во мирот, не само што ја зголемија својата популација, туку и се вдомија во и околу метрополата.

Локален жител на Мумбаи Sunil Agarwal, се надева дека карантинот ќе ги натера луѓето да се фокусираат на она што е околу нив, што до сега го земале здраво за готово, и се надева дека местото каде се собрани илјадници фламинга наскоро ќе биде прогласено за светилиште на фламинго.