Photo: Yugo Grill Facebook page

Во Кина нема да ви недостасува нашата балканска храна – плескавици и ќебапи, ајвар и кајмак, а за тоа е заслужен Владимир Милошевиќ со неговите тројца пријатели од Србија, кои незаменливиот вкус од Балканот го донесоа во центарот на Шангај.

За тоа како живеејќи во Шангај, дошле до идеја да го отворат ресторанот “YUGO GRILL” во кој ќе ја нудат балканската храна која им недостасувала во Кина, автентично раскажува Владимир:

“Во декември 2020 година, копнеев по нашата храна, седнат на маса со мојот пријател Никола кој е стоматолог.

– “Што се’ би дал за плескавица, аууу!”

– „Исто и јас“, одговори тој.

– “Што мислиш, да отвориме мало место каде што ќе правиме плескавици, само за да имаме што да јадеме?!”

Докторот се насмеа и рече: “Зошто да не. Ајде да пробаме”.

Веднаш потоа ги повикав Џони и Влатко и им кажав дека отвораме локал за скара во Шангај и дали тие се согласуваат.

“Се разбира” – и двајцата одговорија.

Photo: Yugo Grill Facebook page

И така, ние 4 идиоти без никакво искуство во угостителство, најдовме мал простор на улица, купивме скара со јаглен и почнавме да правиме плескавици.

„Ние сме Срби, знаеме да правиме скара“, си помисливме.

 Ја правиме првата плескавица, ја пробуваме и: „Ова е ср*ње“. „Нема врска со плескавица“.

И така, во следните 4 месеци, на секои 3- 4 дена ние правиме плескавици и истиот резултат – „Ова не е плескавица“.

Го најдовме лудиот Раде од Ниш, тој вели дека знае како да прави плескавици, a и ни треба некој што ќе работи. И направи Раде плескавици, кога тоа  – “Ср * ње”

Ајде Раде, ајде вака, ајде онака, чувајте го месото подолго во фрижидер, месете подолго, додајте повеќе сол, помалку сол… и после 4 месеци правиме плескавица и – “Конечно, ова е вистинска плескавица!”

И отворивме мал дуќан во Шангај за плескавици и ќебапи.

Нашиот план беше да правиме по 35 плескавици на ден, со една цел – да можеме секој месец да ја плаќаме киријата за просторот.

Кога тоа – доаѓаат 150 луѓе на денот на отворањето. Чекаат на улица, ред од 20 метри, не знаеме како да постигнеме да ги направиме сите плескавици.

Се правевме, месевме, печевме, ставaвме прилози, 5 од нас во 3 метри квадратни.

Два месеци подоцна најдовме нов локал.

И сега, кога гледам до каде сме стигнале и кога го гледам целиот локал полн со Кинези, Германци, Балканци, Шпанци, Кубанци, а да не зборуваме и за сите останати, нашите срца се полни.

Сопствениците на најголемите ресторани во Кина доаѓаат кај нас и не веруваат за каква храна станува збор. ОДЛЕПУВААТ!

Тие велат: “ Целата угостителска индустрија во Шангај раскажува за YUGO GRILL, приказна за луѓе без никаква угостителска позадина кои во ресторанот прават храна од љубов, храна што не постои во Шангај и затоа имаме голема почит кон вас.”

Правењето нешто од љубов е единствениот начин да успеете, а не да го правите тоа за пари.

Photo: Yugo Grill Facebook page

И гледам во нашиот мал локал, каде секојдневно се пие турско кафе, ракија, каде што луѓето се смеат секој ден, уживаат, се радуваат, се чувствуваат како дома, иако се од различни делови на оваа планета … И моето срце е полно.

Среќен сум што барем малку можеме да ја претставиме нашата земја преку храна и пијалоци и да го донесеме Балканот во центарот на Шангај.

И секогаш кога ќе влезам внатре во локалот се сеќавам на нашата земја, постерите на ѕидовите ме потсетуваат на Котор, морето, Сплит, прекрасната Словенија, Македонија, Сараево, Скадарлија, на нашите луѓе и насмевки.

(Виолина свири во позадина)

Го шириме духот на Југославија во која сме родени и убаво ни е затоа што им се допаѓа на сите.

Поздрав од скарата YUGO, 80 метри квадратни Југославија во центарот на Кина!”

Ако ви се пружи прилика да отидете во Шангај, никако не пропуштајте да пробате од највкусната плескавица во Yugo Grill, за која единствен “лош” коментар е дека е преголема 🙂 и да си размените по некој збор на “нашки” со овие инспиративни Срби.

Менито и локацијата на Yugo Grill може да ги најдете на нивната Фејсбук страна.