Photo: Flightradar24.com

Колку и кои авиони во моментов ја надлетуваат територијата на нашата држава, а и останатиот дел од светот? Прашање на кое може да најдете одговор на Flightradar24.com.

На овој веб сајт во секое време може да проверите кој авион каде лета, а најчесто го користат вработените во воздухопловниот сообраќај. Кога ќе го отворите веб сајтот ќе видите стотици авиони, а ако кликнете на кој било од авионите кои се движат врз мапата на светот – ќе ви прикаже кој лет е, моменталната местоположба на авионот, местото и времето на полетување, предвиденото место и време за слетување, моменталната висина на летање, како и брзината со која се движи.