Photo: Markus Winkler from Unsplash

Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air ќе прекине авионски линии од Скопје и Охрид до четири европски градови, известува Ex-Yu Aviation.

Три од вкупно четирите нови линии што Wizz Air ги воведе во последното проширување на својата македонска мрежа, во декември 2021 година, сега се прекинати, a од тогаш воведените – останува да функционира само летот од Скопје кон Болоња.

Авиокомпанијата ги укинува летовите од Скопје кон Турку (Финска) и Билунд (Данска) и кон Торино (Италија). Од Охридскиот аеродром се укинува летот кон Фридрихсхафен (Германија).

Со ова укинување нема да има директен лет од Македонија до Финскa.