Photo: Youtube video screen shot

Првата луксузна вила во светот изградена од труп на авион Boeing 737 отворена е за посетители.

Оваа авион – вила е сместена на карпа, на 150 метри надморска височина со прекрасен поглед на Индискиот океан, во местото Улувату на Бали, Индонезија.

Photo: Youtube video screen shot

Сопственикот на ова луксузно здание е млад човек за кој големиот сон станал реалност, па по подолга потрага за иделана локација каде би го сместил авионот за да се прилагоди за вила, ја пронашол идеалната локација на Бали од која има панорамски поглед на океанот.

 

Освен апартманите за престој кои се во внатрешноста на авионот и терасите сместени на крилата од авионот, овој комплекс поседува и надворешен базен со стаклен ѕид со поглед кон океанот, како и огниште околу кое е сместена голема, удобна гарнитура за релаксирани моменти околу оган.

Апартман во оваа авион – вила може да резервирате на Booking.com каде овој имот е оценет со исклучителна 10-ка, а моменталнaта цена за летниот период (јули, јуни, август) за едно ноќевање за двајца во апартман од 100 квадратни метри, со вклучен појадок, изнесува околу 5.500 евра.