Крстарењето е поевтино од сместување во дом за стари лица – заклучиле Марти и Џес, пар пензионери од Австралија и резервирале 51 крстарење едноподруго. Со крстарењата започнале на 16 јуни 2022, а ќе крстарат најмалку до август 2024 година, повеќе од две години.
“Крстарењето е многу ефикасно. Не мора да се грижите за плаќање кирија, пазарување намирници или перење облека. Ние не сме млади. Крстарењето е многу поевтино од одењето во дом за стари лица, а тоа значи дека можеме да продолжиме да патуваме низ светот”, велат Марти и Џес.
Бродот е нивен дом, а посадата на бродот им е како фамилија, па тие крстарат повеќе од капетан на брод – пречекуваат и испраќаат капетани на бродот, на кои им стануваат како втори родители. Веќе имаат и статус на ѕвезди на крузерот, на кој престојуваат повеќе од 500 дена.
Денот на бродот Coral Princess им започнува со едночасовно играње пинг-понг, а посетуваат и часови по хула танцување и други забавни активности и шоуа.
“Заборавивме како се пере, како се мести кревет, бидејќи не сме ги направиле тие работи подолго време. Па, сега мораме да останеме на бродот за да преживееме“, се шегуваат тие.
Марти и Џес велат дека сакаат да уживаат во животот, децата и внуците не им недостасуваат бидејќи секојдневно контактираат по телефон или маил, а на патувањата не трошат многу време за фотографирање на местата, бидејќи ако почувствуваат дека им недостасува некоја дестинација – знаат дека треба повторно да ја посетат.
Вака се живее, зарем не?!?