Photo: Twitter/Kgoshi Ya Lebowa

Полицијата на Бали воведе инвентивни казни за неносење на заштитна маска во јавност – казна од 15 до 50 склекови на лице место пред полицајците.

Ако не носите заштитна маска – казната е до 50 склекови, а ако имате маска со себе, а не ја носите правилно т.е не го покрива носот и устата – тогаш казната е 15 склекови. Може да избегнете правење на склекови ако имате да платите 7 долари казна.

На Бали е задолжително да се носи маска на отворен простор од Август 2020, а полицијата вели дека 90% од луѓето кои не носат маски се туристи и властите веќе имаат започнато да размислуваат и за депортирање како казна за непослушните туристи.

Видео како полицијата во Бали казнува туристи за неносење на маска излезе во јавност на Twitter, на кое туристите беa казнети со по 25 склекови:

 

До сега преку 70 туристи биле казнети со парична казна за неносење маска, а околу 30 не биле во можност да платат, па биле принудени да направат 15 – 50 склекови.

Инаку, Бали е затворен за странски посетители од Април 2020, но сепак туристи може да дојдат на островот преку другите Индонезиски острови.