Речиси секој месец во годината имаме по некој неработен ден заради празник, а најдобро ни доаѓа ако се погоди во петок или понеделник кога викендот ни станува продолжен и може да отпатуваме некаде.
Колку вкупно неработни, празнични денови имаме во Македонија?
Во нашата држава имаме 12 неработни денови заради празници, но постојат држави во Европа кои имаат и по 13, 14 и 15 празнични, неработни денови.
Па така, по 13 неработни денови има во Бугарија, Романија, Полска, Словенија и Австрија, по 14 неработни денови има во Хрватска, Шпанија, Малта, Албанија и Русија, а најголем број на неработни денови – 15, има во Турција, Словачка, Литванија и Латвија.
Можеби неочекувано но, најмал број на неработни денови има во Грција (само 6), а потоа во Црна Гора (8) и Обединетото кралство (8).
Целата мапа на Европа со неработни денови може да ја погледнете ТУКА.