Најчесто светските политички лидери се постари од 40 години, но има и неколку држави на чие чело стојат помлади лидери, кои иако се со многу помало работно искуство од своите постари колеги, сепак успешно ги водат своите земји.
Земја со најмлад политички лидер во светот е Сан Марино. На нејзино чело е капетан-регент Alessandro Cardeli кој има 29 години, роден е на 7 Мај 1991 година. Во Сан Марино живеат околу 30.000 жители, на површина од 61 километар квадратен. Иако мала, Сан Марино е една од најбогатите држави во светот според БНП по глава на жител.
На второ место е Канцеларот на Австрија – Sebastian Kurz, кој има 34 години, а е роден на 27 Август 1986 година.
На трето место е Премиерката на Финска – Sanna Marin, 34-годишна, родена на 16 Ноември 1985 година.
На четврто место е Претседателот на Северна Кореја – Kim Jong-un, 37-годишен, роден на 8 Јануари 1983 година.
На петто место е Претседателот на Ел Салвадор – Nayib Bukele, 39-годишен, роден на 24 Јули 2080 година.
Понатаму Топ 10 листата продолжува со:
6. Премиерката на Нов Зеланд – Jacinda Arden, 40 години, родена на 26 Јули 1980.
7. Емирот на Катар – Tamim bin Hamad Al Thani, 40 години, роден на 3 Јуни 1980.
8. Претседателот на Гвајана – Irfaan Ali, 40 години, роден на 25 Април 1980.
9. Кралот на Бутан – Jigme Khesar Namgyel Wangchuck , 40 години, роден на 21 Фебруари 1980 година.
10. Претседателот на Коста Рика – Carlos Alvarado Quesada, 40 години, роден на 14 Јануари 1980 година.