Дворецот Виндзор (Windsor castle) е изграден во XI век и повеќе од 900 години е официјална кралска резиденција, каде се примаат членови на други кралски семејства од светот и официјални лица од сите држави и каде кралското семејство најчесто ги поминува викендите.

Кралицата Елизабета е монарх кој најдолго владеел со Обединетото Кралство, а во дворецот Виндзор таа ги проаѓала и деновите за време на Втората светска војна, кога Хитлер го избрал токму овој дворец да се всели во него доколку победи во војната. Кралското семјество корисно ја искористило оваа информација и се криело во просториите на овој имот.

Моментално, во овој дворец кралицата Елизабета со својот сопруг –  принцот Филип се во самоизолација заради вирусот COVID-19.

Овој раскошен дворец сега може виртуелно да го разгледате на линкот ТУКА , да уживате во прошетка низ пространи простории украсени со многу слики, тапети, големи лустери на позлатени таваници и позлатен мебел. За да се информирате подобро за секоја просторија од дворецот, кликнете на инфо иконата (i) која се појавува на почетната фотографија.