Живиот песок е комбинација од фин,зрнест, ситен песок, глина и вода. Под песокот се наоѓа слој од цврста глина. Го има во утоки на реки, околу мочуришта, рамни крајбрежја, плажи и места во близина на подземни извори. Често се случува луѓе случајно да пропаднат во жив песок и да не знаат како да се извлечат од него. Но, човек не може да се удави во овој песок, туку може да заглави во него до половината, а потоа да почне да плива во него. Густината го прави овој песок опасен, па движењата во него треба да бидат бавни.
Што треба да превземете ако пропаднете во жив песок:
- Не паничете!
- Со двете нозе претајте во песокот за да направите џеб со вода, која ќе го ослободи песокот околу вашите нозе.
- Префрлете ја целата тежина на едната нога, а со другата полека излезете од песокот на површината.
- Со ногата со која сте излегле над песокот, клекнете на колено на песокот и целата тежина сега префрлете ја на оваа нога, за да може полека да ја ослободите и другата нога.
- Ви честитаме, успеавте да се извлечете од жив песок и нареден пат внимавајте каде се движите.
Сите овие чекори за ослободување од песокот може да го видите во видеото: