И оваа година, најпознатиот портал за патувања “Tripadvisor” објави листа со најдобри плажи во Европа. Листата е составена врз основа на сублимирани мислења, прегледи и оценки кои ги оствариле посетителите на овој портал.
Како и минатата година, и оваа година за најдобра плажа во Европа е прогласена плажата Spiaggia del Conigli. Плажата се наоѓа на островот Лампедуза, во близина на Сицилија, Италија. Песокот е златен, водата е тиркизна, кристално чиста и има многу риби, што ја прави интересна и за нуркање.
Топ 10 листата на најдобри плажи во Европа за 2021 изгледа вака:
2. Playa de Cofete, Шпанија.
3. Praia da Falesia, Португалија.
4. La Concha Beach, Шпанија.
5. Bournemouth Beach, Велика Британија,
6. Balos Lagoon, Крит, Грција.
7. Elafonissi Beach, Крит, Грција.
8. Plage de Santa Giulia, Франција.
9. Kleftiko Beach, Милос, Грција.
10. Porthminster Beach, Велика Британија.
Комплетната листа со 25 најдобри плажи во Европа може да ја погледнете ТУКА.