Photo: Ethan Dow/Unsplash

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн (Jacinda Ardern) која последниов период е прилично популарна, откако оваа држава одлично се справи со пандемијата од Covid-19, предложи воведување на работна недела од четири дена и повеќе опции за флексибилно работно време, мерки кои би придонеле за подигнување и закрепнување на домашниот туризам.

Поради пандемијата, туристичкиот сектор и во Нов Зеланд има огромни загуби, границите на државата се затворени за странски туристи, па затоа е потребно домашните жители да се поттикнат на домашен туризам.

Премиерката Ардерн во своето обраќање кон јавноста, предложи работодавците да размислат за пократка работна недела, исто така предложи и повеќе неработни празници кои би го поттикнале домашниот туризам, со што би ја стимулирале и економијата на Нов Зеланд.

Природата во Нов Зеланд била навистина дарежлива и несомнено граѓаните на оваа држава ќе уживаат во откривање на нови и посета на веќе популарни места.

Споделуваме неколку фотографии од прекрасните предели на Нов Зеланд:

Photo: Rod Long/Unsplash
Photo: Jan Kaluza/Unsplash
Photo: Samuel Ferrera/Unsplash
Photo:Dan Freeman/Unsplash