Изненадна блиска средба на мечка со три девојки – туристи, кои џогирале во “Chipinque Ecological Park” во Мексико, се случила пред два дена и е снимена на видео кое се шири на интернет.
На снимката трите жени зачудувачки успеваат да останат сосема мирни, додека мечката ја допира едната од нив, но не ја повредува. Мечката се крева и на две нозе, ја душка жената, но потоа си заминува и оваа страшна средба завршува добро за сите, односно никој не е повреден.
Видеото досега е погледнато повеќе од 2 милиони пати:
https://www.facebook.com/1700306343522327/posts/2740704419482509/?vh=e
За блиска средба со други диви животни во сафари парк, може да прочитате на следниот линк: