Српската авиокомпанија “Air Serbia” ќе започне со летови од Скопје до Белград од 5 Јуни. Летовите ќе започнат со реализација на овој датум доколку Владата на Македонија ги отвори границите и аеродромите до овој датум.
Летовите се на распоред секој петок и недела, а засега е објавен распоредот на летање до 14 јуни. Според приложениот распоред од Белград ќе полетува во 13:20мин, а од Скопје во 15:05 мин.
Моменталната почетна цена на авионскиот билет во еден правец (Скопје – Белград или Белград – Скопје), кој може да се резервира на официјалната веб страна на “Air Serbia” е околу 70 евра.
Инаку за оваа компанија интересен факт е дека во својата флота имаат авион кој го носи името на еден од најдобрите тенисери во светот – Новак Ѓоковиќ, авион кој го носи името на научникот Никола Тесла, авион кој го носи името на српскиот актер Предраг Мики Манојловиќ, исто така и авион со името на фудбалерот Дејан Станковиќ, како и авион со името на кошаркарот Владе Дивац.