Photo by Slaveyko Staripavlov from Pexels

Заради високата бројка на новозаразени со Ковид-19, Бугарија ја стави Македонија на црвена листа на држави и ги затвора границите за македонските туристи од среда – 19 јануари 2022 година.

Влез ќе им биде дозволен само на оние Македонци кои поседуваат бугарски пасош или имаат престој во Бугарија. Оваа одлука ќе трае до 31 март, но ќе се ревидира на секои 14 дена во зависност од моменталната состојба на заразени.