Ресторанот “Идадија” во скопската населба Дебар Маало се најде на карта на најстари, сеуште активни ресторани во светот.
Сајтот “NetCredit” изработи карта на светот со информации за најстари, активни ресторани во секоја земја во светов. Кај Македонија на картата пишува дека најстар ресторан кој сеуште работи е “Идадија”, а за година на отварање стои 1928.
“NetCredit” ја изработил оваа карта како препорака за патувачите и љубителите на историјата – каде може да пробаат вкусна, традиционална храна во секоја земја во светот.
Најстар ресторан на картата е ресторанот “St. Peter Stifts Kulinarium” во Салцбург, Австрија, кој постои од 803 година, а него го посетувал композиторот Волфганг Амадеус Моцарт, како и холивудската ѕвезда Клинд Иствуд. На второ место е ресторанот “Wurtskuchl” во Германија, кој постои од 1146 година, а на трето – ресторанот “The Old House” во Велс, од 1147 година.
Ова е добар поттик да се посети нашиот најстар ресторан и да се ужива во дегустирање на ќебапчиња на жар и останатата вкусна храна од менито.
Мапата со кулинарски специјалитети на екс Ју републиките може да ја погледнете овде:
Мапа со специјалитети: Која екс ЈУ република има највкусна храна?