Photo: Youtube Screenshot

Еден од најнесекојдневните хотели се наоѓа на карпа во Урубамба во Перу. Skylodge Adventure Suits всушност се 3 проѕирни капсули закачени на карпа, 400 метри над земјата.

Овие капсули се наоѓаат во Светата Долина на Андите во Перу, а пределот служи за алпинизам и планинарење, па најчести посетители на овие капсули се токму алпинистите и планинарите, бидејќи до нив треба да се стигне со искачување или со зип линија.

Секоја капсула содржи 4 кревети, дневен престој и тоалет, а собира максимум 8 луѓе. Максимална дозволена тежина по човек е 120 кг заради безбедно искачување и возење со зип линијата. Од капсулите се пружа незаборавен поглед на природното опкружување, во опсег од 300 степени, а ноќта помината во транспарентна капсула е ноќ која се памети до крајот на животот.

Погледнете како изгледаат капсулите од надвор и во внатрешноста и како се стигнува до нив:

Цената за ова несекојдневно задоволство изнесува 350 евра по лице на ден, каде е вклучен појадок и гурмаска вечера со вино, превоз од Куско и професионален водич.

Подетални информации за сместувањето и резервации може да прочитате овде:

SKYLODGE ADVENTURE SUITES