Photo: Anvesh Reddy from Unsplash

За секое планирање на буџет за патување со автомобил, мотор, камион, освен трошокот за гориво, не треба да го заборавите и трошокот за патарини.

Британскиот Northgate направил анализа на 44 држави во Европа за цени на чинење на патарини, мостарини и тунели, со цел да ја открие најскапата рута. Па така, додека во Финска и Монако не се наплаќаат патарини, a во Естонија патарина плаќаат само возила потешки од 3,5 тони, Франција ги има најскапите патарини.

На листата на држави со најскапи патарини, по Франција следува Италија, на трето место е Норвешка, па Данска и Шпанија. Од шесто до десето место се: Грција, Хрватска, Швајцарија, Белорусија и Полска.

Во Франција за патување од Париз до Марсеј по автопат А6/А7 (775 km), за патарини ќе платите околу 64 евра, а пак во Италија за патување од Милано до Неапол (774 km) патарините ќе ве чинат околу 60 евра.

Македонија е последна, најисплатлива на листата, наведувајќи дека патарина од Петровец до Велес чини малку повеќе од 1 евро. По нашата држава, веднаш над неа се Шведска и Црна Гора со малку поскапи патарини.

Целата листа со сите држави опфатени во анализата може да ја погледнете ОВДЕ.

Извор: Northgate