Мал град на прстите на италијанската чизма сака нови жители – тоа ќе ве чини само 1 евро. Во Cinquefrondi – лоциран во јужна Калабрија во Италија, кој уште се нарекува и “село без Covid”, бидејќи таму немаaaт регистрирано ниту еден позитивен случај на вирусот, може да се населите за 1 евро.
Ова мало гратче секојдневно се празни, бидејќи младите жители имаат тенденција да се отселуваат во поголемите градови во потрага по работни места и куќите остануваат празни. Затоа Градоначалникот на Cinquefrondi, Микеле Конија дошол до оваа идеја, како би привлекле нови жители, со кои ќе заживее ова италијанско местенце.
Во моментов има околу 12 куќи и околу 50 станови кои се напуштени и можат да се купат за 1 евро. Единствен услов за оваа зделка е новите сопственици на домовите да плаќаат годишна осигурителна такса во износ од 250 евра се’ додека не ги реновираат имотите кои ги купиле за 1 евро, а за реновирање имаат рок од 3 години. Ако не ги реновираат куќите во дадениот рок, тогаш треба да платат казна од 20.000 евра. Куќите се со големина од околу 300-400 м2. Овој услов е даден како одредена сигурност дека новиот сопственик ќе се посвети на проектот, а се проценува дека реновирање на домовите би чинело од 10.000 до 20.000 евра.
Инаку, Cinquefrondi има одлична местоположба, сместен e помеѓу ридови и две топли мориња, чиста река тече во негова непосредна близина, а плажите се оддалечени на само 15 минути возење со автомобил.