Photo: Christian Werther from Unsplash.com

Прекрасно, драматично, магично, мистериозно – се зборовите со кои најчесто се опишува езерото Сорвагсватн (Sørvágsvatn) на островот Вагар. Ова езеро е најголемо езеро на Фарските Острови, со површина од 3,4 км2 и должина од 6 км.

Сорвагсватн “виси” над океанот, на околу 40 метри над нивото на морето, а висока карпа спречува негово целосно празнење во океанот.

Езерото е поврзано со Атлантскиот Океан преку водопадот Bøsdalafossur и токму големата висина на карпите од двете страни на Bøsdalafossur дава илузија од одредени перспективи дека езерото е повисоко над морското ниво отколку што навистина е, па изгледа како езерото да “виси” над океанот.

Но, ова езеро не е дело на природата, туку на човекот. За време на Втората светска војна, британската армија изградила аеродром (сега аеродром “Вагар”) западно од езерото. Тие изградиле и станица за слетување на хидроавиони. Првиот авион слетал на езерото во 1941 година, сопственост на крајбрежната команда на РАФ.

Photo: Youtube video screnshot

Заради својот специфичен изглед, езерото привлекува многу љубопитни туристи, а најдобар период за негова посета е во лето, на топло и сончево време.