Photo: Ben Jessop/Unsplash

Тажна реалност е дека дел од најубавите места во светот нема да опстојат додека сме живи и најчесто грешиме кога мислиме дека го имаме целото време на светот за да посетиме некое од нив.

Ова се дел од туристичките атракции кои ги изгубивме во последниве неколку години, дел уништени од човекот, дел од природни катастрофи:

  1. Азурниот прозорец на МалтаАзурниот прозорец беше симбол на островот Гозо на Малта – варовнички лак висок 28 метри над Средоземното море. Во 2017 година беше уништен од силно невреме и ги остави жителите на Малта со скршено срце.2. Катедралата Нотр Дам во Париз, Франција – Пожарот кој го зафати ова ремек дело на готската архитектура на 15-ти април 2019 година уништи поголем дел од катедралата, која моментално се обновува, но никогаш веќе нема да го има стариот сјај. Оваа катердала 8 века беше религиски, културен и образовен центар за Франција и за целиот свет.

3. Палмира во Сирија – Најголем дел од остатоците на овој древен град кои беа со векови зачувани – настрадаа во 2015 година, кога градот беше завземен од страна на ИСИС. Инаку, градот беше под заштита на УНЕСКО. Од најпознатиот објект во Палмира – Храмот Балшамин изграден во 1-виот век останаа само столбови сред урнатините.

4. Природната купола на плажата Легзира во Мароко – Во 2016 година една од двете природни куполи се сруши, откако неколку месеци претходно почнале да се забележуваат пукнатини.

5. Националниот парк Joshua Tree во Калифорнија, САД – Во јануари 2019 година паркот претрпе огромна штета од посетители кои ги сечеле дрвјата, палеле пожари и цртале графити. Проценето е дека ќе бидат потребни 200-300 година за опоравување на паркот.

6. Малата сирена во Копенхаген, Данска – Овој заштитен знак на Копенхаген често е мета на вандализам, па така два пати до сега и’ била отсечена главата, еднаш и’ биле отстранети рацете, а безброј пати е полевана со боја. Најчести причини за уништување на оваа скулптура се пијанство, здодевност и политички протести.