Photo: Youtube video screenshot

Ако планирате венчавка и сте во потрага по идеална локација – “Вила Далмација” или позната и како “Вилата на Тито” е едно од најпопуларните и најатрактивните места за свадбени прослави во Хрватска.

Оваа вила се наоѓа во Сплит, веднаш до морскиот брег, опкружена со голем парк со различни дрвја и медитерански растенија. Има капацитет од 125 гости и е идеална за интимни свадбени церемонии кои изгледаат како бајка.

Photo: Youtube video screenshot

Вилата има 100-годишна историја: Изградена е во 1914 година од страна на Фрањо Шилер и била позната како “Вила Шилер”, a во 1947 година тогашната власт ја конфискувала и е преуредена за доживотниот претседател на СФРЈ – Јосип Броз Тито кога го добила и името “Вила Далмација”, но останала позната како “Вилата на Тито”. Од крајот на 80-тите години од минатиот век со вилата управува градот Сплит.

Погледнете како изгледа целиот имот – паркот и внатрешноста на вилата:

Вилата се изнајмува за венчавки по цена од 30.000 куни (~4.000 евра).

Во рекламата за вилата стои и дека “ако ја изберете “Вила Далмација” за вашата свадбена прослава, со гордост може да им кажете на вашите гости дека во вилата освен Тито, престојувале и Винстон Черчил и Индира Ганди.”