Photo: Jeshoots/Unsplash

Често се случува да има доцнење на авионски лет, негово презакажување или откажување, па затоа е важно да знаете дали и каков надомест ви следува од авиокомпанијата ако се најдете во ваква ситуација.

Патничките права при летање со авион се заштитени со Регулатива (ЕC) 261/2004 на Европскиот парламент од 11 февруари 2004 година, при што оваа регулатива предвидува надоместок на летот за патниците во случај кога:

1. Вашиот лет доцни повеќе од 3 часа, ако летот е откажан или презакажан;

2. Вашиот лет е ОД или КОН земја членка на ЕУ, Исланд, Норвешка и Швајцарија или пак летате со ЕУ авиокомпанија без разлика која е вашата почетна или финална дестинација.

3. Доцнењето на летот е заради грешка на авиокомпанијата.

Photo: Andrik Langfield/Unsplash

Според тоа колку доцни авионскиот лет, ова се права кои ви следуваат како патник на таков лет:

  • Ако летот доцни два часа – ви следуваат два телефонски повици и ваучер за оброк кој се користи во некој од рестораните на аеродромот.
  • Ако летот е откажан или доцни повеќе од два часа во зона на лет до 1500 км – освен телефонски повици и ваучер за оброк на аеродромот, ви следува и паричен надомест во вредност од 250 евра.
  • Ако летот е откажан или доцни повеќе од 3 часа во зона на лет до 3500 км – ви следуваат телефонски позиви, ваучер за оброк и право на паричен надомест во вредност од 400 евра.
  • Ако летот е откажан или доцни повеќе од 4 часа – имате право на паричен надомест  во вредност од 600 евра.
  • Освен овие патнички права (телефонски повици, оброк и паричен надомест), ако вашиот лет е откажан или доцни ден или повеќе денови – ви следува хотелско сместување и превоз од и до аеродромот на сметка на авиокомпанијата.
Photo: Red dot/Unsplash

Кога ќе се најдете во ваква ситуација на аеродром, треба да се обратите на шалтерот/канцеларијата на авиокомпанијата со која патувате и тие треба да се погрижат за исполнување на наведените патнички права.

Паричен надмест може да добиете до 90 дена од откажувањето или доцнењето на вашиот лет. За таа цел може директно да ја контактирате авиокомпанијата (да се договорите паричниот надомест да го пренасочат за ваш нареден лет со таа авиокомпанија или да ви вратат пари на ваша банкарска сметка) или пак да ангажирате некоја од приватните компании кои се бават со вакви парични надокнади од авиокомпаниите, но за таа услуга ќе ви земат одреден процент од надоместот кој ви следува.