Еден човек заглавен во часовникот на аеродромот Schiphol во Амстердам, Холандија има работа да го регулира точното време, поточно – да ја менува секоја измината минута на часовникот.
Овој часовник всушност е уникатна уметничка инсталација и одличнo реализирана идеја, којa ги забавува патниците на аеродромот. За да се изработи оваа уверлива симулација биле потребни повеќе од 12 часа и уште толку за да се изгледаат и проверат сите тие 12 снимени часови.
Погледнете како изгледа овој најинтересен часовник на аеродром:
Инаку овој часовник е дело на холандскиот дизајнер Maarten Baas, а инсталацијата носи име “Real Time”. (Вистинско време)