Црна Гора од утре ќе ги отвори границите за граѓаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

„За влез во Црна Гора најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР тест или серолошки тест“ – изјави Бобан Мугоша, директорот на Институтот за јавно здравје. Ова ќе се одлучи на денешната седница на националното координативно тело.

Според него, одлуката за отворање на границите е донесена на барање на туристичката заедница.